| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска последен рок за поднесување даночна пријава

Денеска истекува рокот за пријавување дополнителни приходи во Управата за јавни приходи.

Од вкупно 200 илјади граѓани, колку што се очекува да поднесат годишна даночна пријава до УЈП, до завчера обврската ја исполниле 130 илјади граѓани.

Од УЈП информираат дека даночната пријава може да се поднесе на шалтерите во сите даночни канцеларии од 8.30 до 16.30 часот и преку мобилните даночни шалтери. Контактниот центар на УЈП е лоциран во Градскиот трговски центар во Скопје и во него се врши прием на пријави од 9 до 20 часот.

Годишна даночна пријава треба да поднесе секој граѓанин што, освен платата или пензијата, остварил и друг дополнителен приход во текот на 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top