Жител на канадската провинција Алберта освои на лотарија 50 милиони канадски долари (41,7 милиони американски долари).
Засега името на среќниот добитник не е соопштено, но се знае дека ливчето со добитната комбинација на една од најпопуларните игри на среќа „ЛотоМакс“ било продадено во Алберта.
Уште две лица ќе добијат утешителни награди од еден милион долар. Едно од ливчињата е продадено во провинцијата Њуфаундленд, а другото во Онтарио.
Веројатноста да се погодат седумте добитни броеви од 1 до 49 е еден на 28 милиони, посочуваат организаторите на „ЛотоМакс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!