| четврток, 6 декември 2018 |

На Ана Михајловски и се заканува казна затвор

Против водителката Ана Михајловски ќе биде покрената кривична пријава, а таа ќе мора да плати и глоба од 10.000 динари.

Српката водителка во четвртокот е приведена по вербална раправија со полицаец и работници од паркинг сервисот. Според полицискиот извештај Ана не престанувала да ги навредува дури ни кога еднала во полициското возило.

-Ти си манијак. Манијаку оди да се лечиш. Ти ќе ме приведеш, хистерично викала водителката се наведува во извештајот каде пишува дека пајакот го „закачил“ нејзниот автомобил бидејќи била непрописно паркирана.

На водителката и е напишана кривична пријава за пречење при извршување на должност од страна на полициски службеник и за непокажување на лична карта. И се заканува кaзна затвор до три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top