| четврток, 6 декември 2018 |

Војска патролира во Белгија

grand-place-brusselsПо улиците на Брисел и Антверпен од денеска освен полицијата ќе патролираат и војници, соопшти белгиската сојузна Влада. Во соопштението се наведува дека врз основа на предлогот на министерот за одбрана и шефовите на безбедносните служби, почна мобилизација на 300 војници, чија задача ќе биде да и се најдат при рака на полицијата во случај на судири со терористите.

– Војската има задача да ја надгледува ситуацијата и во случај на потреба да послужи на полицијата како засилување, порача белгиската Влада.

Оваа мерка е воведена два дена откако полицијата во серија рации ширум Белгија уби две лица, а уапси 13 под сомнение дека подготвувале напади врз полициска станица и патроли.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top