| четврток, 6 декември 2018 |

Спокоен лет на “јастребите“ во НБА, 11. победа по ред на Атланта

Атланта хоукс ги урива клупските рекорди и противниците во НБА лигата, а ноческа за првпат во третиот меѓусебен дуел го победија Торонто и тоа убедливо со 110-89. Перо Антиќ имаше скромен учинок од 3 поени, но најважно за „јастребите“ е што победуваат во серија, која сега е импресивна и стаса до бројот 11.

antic

Тоа е најдолгата низа на победи во моментов во НБА, што и овозможи лидерска позиција на Атланта во Источната конференција со биланс од 32 победи и 8 порази.

Резултати: Торонто – Атланта 89-110, Феникс – Минесота 110-99, Орландо – Мемфис 96-106, Индијана – Детроит 96-98, Филаделфија – Њу Орлеанс 96-81, Вашингтон – Бруклин 80-102, Бостон – Чикаго 103-119,  Оклахома – Голден стејт 127-115, Далас – Денвер 97-89, Сан Антонио – Портланд 110-96, Јута – ЛА лејкерс 94-85, Сакраменто – Мајами 83-95, ЛА клиперс – Кливленд 121-126.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top