| четврток, 6 декември 2018 |

Ријад гради 1000 километри ѕид за одбрана од ИД

zidСаудиското кралско семејство гради ѕид долг илјада километри за да го заштити кралството од џихадисти на Исламска држава.

Кралот на Саудиска Арабија Абдула бин Абдулазис ал-Сауд ја покрена првата фаза на проектот уште во септември минатата година, откако исламистичките бунтовници го преплавија соседен Ирак.

Бариерата ќе се состои од канал, две огради и пат за патролирање што ќе ги поврзуваат надѕорните кули и командните центри.

На оградите ќе се наоѓаат термални камери и радари кои можат да детектираат поединци на оддалеченост од речиси 20 километри, а возилата на 40 километри.

Два терористички напади минатата седмица на границата на Саудиска Арабија, еден самоубиствен, а друг оружен, го однесоа животот на двајца погранични полицајци, а воените аналитичари ги окарактеризираа како прв напад на ИД на тоа блискоисточно кралство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top