| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Израел провоцира радикализам кај муслиманите

davutoglu-ntv-star-16ocak-11akТурскиот премиер Ахмет Давутоглу го обвини денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за тероризам, и рече дека израелските „провокации“ како бомбардирањето на Газа придонесуваат за радикализирање на муслиманскиот свет.

Според Давутоглу, без создавање палестинска држава би било буквално невозможно да се постигне мир на Блискиот исток и да се уништат екстремистичките групи.

– Самиот Нетанјаху убиваше, неговата армија убиваше деца на игралиште. Тие убија наши граѓани и американски граѓани во меѓународни води. Тоа е тероризам. Никој не може да ја спори израелската агресија во Ерусалим во џамијата Ал Акса, рече тој.

– Ако сакаме да воспоставиме мир и ред на Блискиот Исток, треба да ги елиминираме сите екстремистички сили и да го решиме палестинското прашање, додаде турскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top