Голем број на македонски музичари, пред се битолчани, се дел од хуманитарниот концерт за нивниот петгодишен сограѓанин Давид Домазетовски, кој ќе се одржи оваа среда, 21 јануари од 19 часот во спортската сала „Младост“ во Битола.
Малечкиот битолчанец од 22 декември се наоѓа на Одделот за неврохирургија во „Аџибадем Систина“ поради тумор на мозокот, поточно изразен Hidrocefalus со голем тумор medulloblastoma ventr. IV. Hydrocephalus int. По две тешки операции, туморот е оттранет, но опоравувањето се уште трае, а помошта се уште е потребна.
Таткото на Давид се заблагодари на огромната помош и поддршка, за сите кои одвоија дел од своите средства или време да му помогнат на неговото синче.
Може да донирате преку броевите за донација:
077/143-778– за корисниците на мрежата на ВИП
075/143-502– за корисниците на мрежата на ОНЕ
070/143-163– за корисниците на мрежата на Т-Мобиле
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.