| четврток, 6 декември 2018 |

Цените паѓаат, но не колку што граѓаните очекувале

Континуираното намалување на цената на нафтата не ги израдува само возачите. Во јануари, што се смета за најдолгиот месец во годината поради празничните трошоци, позитивно одекнаа најавите за намалување на цените на дел од продуктите за исхрана, како резултат на намалувањето на цените на горивата, условено пак, од падот на цената на нафтата на светските берзи, aнализира „Глаот на Америка“.

Зеленчукот, месото, маслото за јадење се првите производи каде се очекува намалувањето, бидејќи токму цената на горивата во голем дел учествува во формирањето на нивната производствена цена.

„Веќе ги намаливме цените на сувомеснататите производи,  и тие се веќе намалени во малопродажбата. А од денеска со намалена цена ќе се продава и свежото свинско месо, за околу пет проценти“, вели Влатко Ѓоргиевски, од компанијата МИК од Свети Николе.

Следни на листата се земјоделските производи, но не на веќе произведените, есенски, туку на пролетните кои допрва ќе доаѓаат на пазарите и во маркетите, за дури и до 30 проценти, бидејќи горивата во вкупните трошоци на земјоделското прозиводство учествува со околу 60 отсто.

„Во делот на градинарското производство, каде има големо намалување на трошоците, треба да се очекува сериозно поевтинување. Тоа е оранжериското и пластеничкото производство каде се употребуваат големи количини мазут. Намалување исто така треба да има и кај пченката, индустриските култури, сончогледот“, вели Огнен Оровчанец, претседател на Агробизнис комората во Сојузот на стопански комори.

И тука се затвора кругот на поевтинувања, иако таа листа може и да се прошири. Нема веројатност дека ќе поевтинат лебот и печивата, млечните производи или превозот.

Од пекарската индустрија велат дека нафтата учествува со мал процент во трошоците, бидејќи користат гас и струја, чија цена не е намалена, а исто така и цената на пченицата на светските берзи постојано расте.

Кај млечните производи, како што деновиве се изјаснија дел од производителите, намалувањето на ценатата на нафтата нема да ги намали цените, туку ќе се искористи за покривање на загубите што ги трпеле изминатите години, кога цената на бензините растела, а цените на млечните производи останале исти.

Целиот текст на овој линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top