Првата средба на кошаркарите на Црвена звезда и на Галатасарај по убиството на младиот навивач Марко Ивковиќ во Истанбул, е вечерва од 21 часот во Белград. Под силна полициска контрола, белградската Арена започна да се полни неколку часа пред почетокот на натпреварот од Евролигата.
„Делиите“ се наострени, се скандира и се пее и пред почетокот на мечот, а предмалку само што беше фрлена свинска потколеница на теренот.
Кошаркарите на Галатасарај беа пречекани со силни свирежи од преполните трибини. Сите кошаркари на Звезда апелираа до навивачите да не направат нешто што би ги коштало победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


