| четврток, 6 декември 2018 |

Aна Михајловски: Бев во шок, ми рекоа дека бебето ми е во опасност

Oткако вчера беше задржана во полиција за наводен напад врз службено лице, водителката Ана Михајловски денес се обрати во јавноста за преживеаниот шок, во интервју за емисијата „Булевар 5 до 5“.

Имено, бремената водителка вчера околу 18 часот беше приведена по инцидент со екипата на паркинг-сервисот во центарот на Белград.

– Ја преминував улицата и затоа што не можев да трчам, им викнав да не ми го креваат автомобилот, бидејќи сум тука. Не бев ниту арогантна, ниту безобразна, само не смеев да трчам. Но, на кого ќе му докажам ја дека претставник на законот ми се внесе в лице и ми се дереше, а јас во тој момент бев во шок и само му реков: Вие сте луди – објасни Ана.

Таа кажала дека нејзиниот автомобил во моментот се уште бил на земја, и не бил качен на „пајако“, туку полицајците само го фотографирале.

– Едиснствено што можеа во тој момент е да ми напишат казна, а моја должност е да го тргнам автомобилот, нешто што јас е обидов да го направам. Тргнав во рикверц и тогаш фатив дека канџите се веќе закачени на мојот автомобил – додава Ана.

Во тој момент полицаецот повикал заилување и Ана е соочила со шест униформирани лица.

– Тогаш почна да ме боли стомакот и кога стигнав на доктор ми рекоа дека бебето ми е во опаност и во тој момент почнав да плачам – рече таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top