Терористички закани доаѓаат од 20 терористички ќелии во кои има од 120 до 180 екстремисти кои се подготвени да извршат напади во Франција, Германија, Белгија и Холандија во секој момент, тврди извор од белгиската разузнавачка служба за Си Ен Ен.
Тој додава ека европските и средноисточните разузнавачки агенции идентификувале „непосредна опасност“ во Белгија но и во Германија.
Во последните неколку недели европските безбедносни служби примиле информации за реални закани за терористички напади во Европа кои би ги извршиле припадници на Исламската држава кои потекнуваат токму од овие земји.
Безбедносните служби во неколку европски држави интензивно трагаат по неколку групи повратници од Сирија и Ирак, вклучувајќи ја и групата која синоќа беше разбиена во Белгија.
Европските служби со месеци предупредуваат на опасноста од повратниците од боиштата во Сирија и Ирак. Повеќе од 3.000 европејци се регистирани дека заминале да војуваат во Сирија во последните години. Вкупната бројка на оние што се вратиле од таму е поголема од 500, вклучувајќи 250 Британци, речиси 200 Французи и околу 70 Белгијци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спречен терористички напад во Франкфурт
-
Паника на СП: Блокиран московскиот аеродром, човек лежи на под со експлозив на грбот
-
Терористички напад во Германија: Автомобил влета во топла луѓе, возачот се застрелал по инцидентот
-
Четири терористи од ПКК се убиени од турската воена авијација во Северен Ирак


