| четврток, 6 декември 2018 |

Скијачот Ристовски служи за потсмев на „Евроспорт“ (видео)

antonio ristveski

Најдобриот македонски скијач Антонио Ристевски оваа сезона досега настапи на две трки од Светскиот куп во алпско скијање и двете не ги заврши. На последниот слалом одржан на Сљеме крај Загреб тој на смешен начин излета од патеката и не ја заврши трката. Тој дури можеше многу лесно и да ги повреди редарите што беа во негова близина.
Излетувањето на Ристовски го искористија новинарите од „Евроспорт“ кои ја креираат неделната хумористична рубрика „Ватс зап“ поврзана со спортот и му доделија место и на нашиот Ристовски.
Излетувањето на македонскиот репрезентативецот се наоѓа во делот од видеото по 3.57 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top