Во периодот 14/15 јануари се ограбени две цркви во општината Чешиново-Облешево
Од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во црквата „Св. Наум” лоцирана во с. Чифлик. Сторителот со употреба на подесен алат насилно ја отворил заклучената помошна врата на црквата, влегол внатре и од каса одзел околу 2.000 денари и еден прстен од бело злато по што го напуштил местото на настанот.
Во вториот случај, извршена е тешка кражба во црквата „Света Недела” во с.Облешево. Непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил влезната врата на црквата и од метални каси поставени во црквата одзел околу 10.000 денари, по што го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


