Менаџерот на Ливерпул Брендон Роџерс конечно донесе одлука во врска со Марио Балотели.
Иако се зборуваше дека италијанскиот репрезентативец Марио Балотели ќе го напушти Ливерпул по само шест месеци и ќе се пресели во друг клуб уште во јануарскиот преоден рок, Роџерс реши да му даде уште една шанса.
– Марио е добро момче. Не го донесе тоа што го очекувавме во есенскиот дел од сезоната, но сме решени да му помогнеме да се врати во форма, и да пронајдеме добро решение за нас. Тој не оди никаде во јануари – изјави Брендон Роџерс.
Тој не пропушти да ја коментира изјавата на Роберто Манчини дека тој тренер што работи со Балотели треба да добие зголемување на платата.
– Роберто го знае многу добро. Се сложувам со неговата досетка, нема да пропуштам тоа да им го напоменам на сопствениците – се пошегува менаџерот на Ливерпул.
Балотели одигра 12 натпревари за Ливерпул, но ниту еднаш не успеа да се запише во листата на стрелците во Премиер лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.