Ако им се верува на прогнозите на Европската комисија, грчкото стопанство зајакнува и во следните неколку години треба да го забрза стопанскиот раст и да ја намали стапката на невработеност со исто така намален јавен долг во однос на БДП.
Ако земеме дека тоа не се претерано нереални очекувања, што би можела да биде политиката на новата влада ако ја состави новата грцчка левица Сириза? Нејзината понуда до гласачите е дека ќе бара отпис на долговите и зголемување на платите и социјалната помош.
Некои коментатори сметаат дека тоа може да се случи со одлука, доборовлна или принудна, Грција да ја напушти Монетарната унија, значи повторно да ги воведе сопствените пари и со драхмите да го замени еврото.
Дали тоа ќе предизвика криза на еврото? Пред неколку години навистина изгледаше дека грчкиот мораториум на јавните и странските долгови ќе доведат до распад на еврото, бидејќи и тоа е важно, од него ќе дигнат раце земјите кредитори, а пред сите Германија. Денес состојбата е поинаква.
Точно е дека влијанието на противниците на европските интеграции, а посебно на монетарната унија, порасна, но мнозинските и владејачките партии во сите земји-членки не се за дезинтеграција на монетарната и трговската заедница. Така стравот од грчката левица и нејзините евентуални стопански потези, кои Грција би ја извадиле од еврозоната, е мал или речиси не постои.
Всушност, Грција ќе се најде пред избор со напуштање на еврото да го промени и трговскиот режим, што би значело воведување на царини, а тоа повторно би значело напуштање на ЕУ. Ова не изгледа посебно привлечно, посебно сега кога всушност конкурентноста на грчкото стопанство е зголемена и дефицитот во размена со странство е значително намален, а веројатно и го нема повеќе во трговијата со ЕУ.
Така веројано само би морала да воведе контрола на прекуграничните финансии, за да избегне голем одлив на пари. Тоа можеби и може да се договори со ЕУ, а Грција да остане членка, но не е јасно каква корист би имале двете страни.
Ако сето тоа се има предвид, не би било изнанадување ако Сириза само бара постоечката програма со ЕУ и со ММФ да се промени, а во основа да остане иста. Всушност, во оној дел во кој би се покажала зголемена социјална чувствителност, тоа секако би било и добро, а не би требало да претставува проблем во преговорите со „тројката“ во која се ММФ, Европската комисија и Европската централна банка.
Поинаку стојат работите со кризите во Србија и Хрватска. Бидејќи во Србија почеток на стопанско зајакнување се очекува дури за три години, иако не се очекува некоја значајна дополнителна рецесија. Меѓутоа, за разлика од Грција, поголема поддршка од европските и мултилатералните фондови не може да се очекува, а покрај тоа не е само потребно да се доведат во ред јавните финансии, туку и да се променат условите во кои работи приватниот сектор.
Покрај тоа треба реиндустријализација, бидејќи Србија нема компаративна предност во туризмот и услугите поврзани за него како што е случај со Грција. А тоа од една страна бара инвестиции во модернизација на земјата, институционална и инфраструктурна, а и поинаква монетарна политика, бидејќи инаку нема да може да обезбеди зголемени инвестиции во производството за извоз.
Тука треба да се укаже на не баш најдобриот пример на „Фиат“. Имено, потребно е производство на индустриска стока која се продава и на домашниот и на странскиот пазар. Производство кое нема домашни купувачи, бидејќи производот е скап, посебно ако во најголем дел се работи само за монтирање на увозни делови, не мора да има посебно голем придонес на домашниот доход, а може и да биде лишено од потребната стабилност. Се виде дека слично е и со железарата, а и со некои други дејности.
Во секој случај, додека Грција, ако не направи некои нови грешки, се наоѓа на крајот на длабоката рецесија и на почеток на зајакнување, Србија пак се наоѓа на почеток на тригодишна програма за откажувања, со тоа што се уште не е јасно ни која е точно програмата, ни колку таа всушност е добро замислена. А ќе треба и да не се греши премногу.
Кризата пак во Хрватска делува обесхрабрувачки. Сега ќе почнат да помагаат трансферите од европските фондови, а добро ќе дојдат и пари од модернизација на патиштата, како што се нарекува тоа. Но, останува стратешки проблем конкурентноста која е во врска со усогласувањето на стопанската политика со компаративните предности на земјата.
Имено, Хрватска е уште помала од Грција и не може да смета само на туризмот. Потребна е политика која поттикнува инвестиции во другите извозни гранки, а тоа значи дека треба јавноста да се одвикне од две работи. Едната е силна куна, со која се помагаат увозниците и јавните финансии кои ги карактеризира меко буџетско ограничување, т.е. неефикасен јавен и приватен сектор кој се потпира на него. Во последните шест години, кои ги карактеризираше рецесија, немаше подготвеност тие промени да се спроведат.
Овие три стопанства, грчкото, српското и хрватското, всушност се во најлоша состојба не само на Балканот, туку и во оној дел од Европа кој ја сочинуваат ЕУ и земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ. Секако, со уште поголеми предизвици се соочуваат Белорусија и Русија, за Украина и да не зборуваме.
Бидејќи овие три балкански земји барем можат да се сметаат на демократскиот начин на одлучување, ако го зачуваат, додека другите три допрва треба да се демократизираат. Оваа година сите тие ќе носат далекусежни одлуки, почнувајќи со грчките избори кон крајот на овој месец, каде изгледите, се чини се подобри од другите земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција