| четврток, 6 декември 2018 |

Искра Шукарова на средба во Њујорк во друштво со уметници и менаџери од САД и Источна Европа

iskra-sukarova

Во периодот од 14 до 16 јануари, Фондацијата The Trust for Mutual Understanding and Movement Research поканува уметници и менаџери од Источна и Централна Европа, како и соработници од САД. Средбата е ко-спонзорирана од реномираната академија „Tisch School of the Arts“, во Њујорк.

Балерината Искра Шукарова е учесник од Република Македонија поради реализираните бројни проекти и гостувања во САД преку фондацијата која ја подржува како уметник уште од 1996 година. На овој настан ќе учестуваат културни оператори од Романија, Србија, Латвија и Унгарија.

Интенцијата на средбата е да се дискутираат целите за продолжување на соработката помеѓу партнерите од Источна и Централна Европа и САД, вклучувајќи можности за стабилна структура, развојни проекти, како и споделба на нови случувања во културниот сектор на национално и регионално ниво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top