Кореографот Искра Шукарова во периодот од 22-ри до 30-ти април ќе реализира два проекта во Берлин – „Роболеро“ и „Техники на манипулација на движење“.
Проектот „Роболеро“ беше успешно изведен минатата година во Софија во просторот Црвената Куќа на интернационалниот фестивал, како дел од програмата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија.
Оваа година проектот „Роболеро“ подржан од страна на Министерство за култура на Р. Македонија ќе биде презентиран како проектот/работилница на студенти како едукативен дел од програмата на Танзфабрик во Берлин. Како изведувачи во проектот земаа учество како танчери Викторија Илиоска, Бистра Делиниколова и Елена Ристеска, додека музичкиот дел е на Валентин Димановски.
Делото „Техники на манипулација на движење“, Шукарова го презентираше на фестивалот Локомоушн 2014. Во делото перформативните аспекти се насочени кон манипулацијата како основна алатка за креирање на движењата, која всушност е основниот кинестетички оперативен движечки вокалбулар во претставата.
Искра Шукарова, во соработка со Викторија Илиоска-како изведувач и Елена Ристеска-техничка помош, во рамки на оваа програма ќе ја остварат продукциската резиденција воБерлин, во рамкина Танзфабрик и Уферстудиос.
На крајот на резиденцијата Шукарова ќе има јавна презентација пред тамошната професионална и поширока публика. Меѓународната резиденција за делото „Техники на манипулација на движење„ е организирана од Локомотива, Скопје како дел од нејзината соработка со европската мрежа за изведувачки уметности – АПАП како дел од европскиот проект за унапредување на изведувачките уметности
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Делегација од Управата за заштита на културното наследство учествуваше на првиот Европски самит во Берлин
-
По Париз, денеска протести и во Берлин: Незадоволство од цените на станарините
-
Вучиќ во Берлин ќе се сретне со Меркел