Нападот во Франција ниту беше спонтан ниту случаен и не беше извршен поради сатирата на сега мегапопуларниот „Шарли ебдо“. Сѐ беше сомнително уште на почетокот и повторно во целиот случај, како намерно, оставен е голем простор за создавање заговор за да се прашуваме кој тука е луд, се коментира во дел од светската јавност и додаваат:
Главниот инспектор на случајот, кога светот очекува одговори од истрагата, си го одзеде животот, наводно, и светот таа информација ја прифати. Демек, му било стресно! Зар навистина верувате во такви глупости?
Уште на почетокот се појавуваат различни снимки кои покажуваат многу нелогичности, но можеби една од најпремолчените информации, која е и најважна, воопшто не ја пренесоа ниту светските медиуми. Имено, во наводниот напад врз „Шарли ебдо“ е убиен, ни помалку ни повеќе, виш член на одборот на Француската народна банка. Во медиумите е пренесено дека е убиен економист, но не дека е убиен така важен економист на Француската народна банка.
Авторот на текстот под псевдоним „Вујко Бернард“ (Oncle Bernard) е интересна личност на француската политичка сцена. Тој е економски левичар наречен алтернативен економист, кој меѓу првите ја разбра економската наука само како академски приврзок на крупниот капитал и тоа отворено го нагласуваше во своите текстови, популарни меѓу економските лаици. Позната е неговата изјава дека економската наука не може ништо да предвиди, освен можеби „Твин Тауерс“, како и неговите предвидувања за претстојната балканизација на Европа.
Иако контроверзен, тој беше типичен пример на интелектуалната елита од генерацијата 1968, која денеска е седната во добро платените фотелји на глобалистичките инсистуции, која продолжи да ламентира за сиромашните и за општата правда. Како поинаку да се разбере неговиот ангажман против глобализацијата во француската партија на зелените Лес Вертс, која од 2010 година се претопи во европските зелени, каде што главен збор има уште еден шеесет и осумгодишен и деклариран педофил Даниел Коен-Бендит, додека седи на високо во француската национална банка?
Истиот тој Марис, кој се одрекува од економијата и кој елоквентно по медиумите ја радува нацијата на Шарли, здушно работи на ширење на една светска влада која ги одзема државните суверенитети? Како да се протолкува дека Марис бил еден од основачите на ATTACK – антиглобалистичка левичарска студентска мрежа низ Европа, која организира и потести против Билдерберг, земјите од Г-8, а истовремено е член на масонската ложа „Гранд Ориент де Франс“ (Grand Orient de France), и тоа од 2008 година?
Не е ли тогаш славниот „Шарли ебдо“ само продолжена рака на масоните, чие што мото е латинското „Ред од хаосот“ (Ordo Ab Chao), кој заради овој добро планиран напад го зголеми својот тираж од мизерни 60 илјади на импресивни 6 милиони примероци распродадени за момент?
Марис во својот „Шарли ебдо“ пука од сите оружја на Алах, но и на католичкото свето тројство и непречено од ЕУ-елитите ја шири својата „борба за слобода“, додека истовремено тие исти елити со папагалскиот остар клун го тепаат народот со гесла како „Војна кон расизмот“; „Војна кон дискриминацијата“; „Војна кон антисемитизмот“; и др.
За пример, деновиве е уапсен и комичарот Диедон бидејќи изјавил „Се чувствувам како Шарли Кулибали“ (Кулибали е терористот што уби четворица Евреи во супермаркет). Обвинет е за глорификација на тероризмот. Комичар кој се чувствува како непостоен лик, кој си игра со опасни зборови и непостојни ликови е уапсен додека списанието кое предизвикува крвопролевање и натаму „врти пари“ на Алах? Очигледно, само некои смеат да бидат слободни во „тој нов храбар свет“.
Убиството на Бернард Марис, кој беше дел од „просветлената“ елита само е потврда дека „тие“ убиваат и свои кога веќе не им требаат, а бидејќи Марис беше член на надзорниот орган на националната француска банка, тој чин може да се разбере и како уште еден истрел врз сувереноста на Франција, па предвидувачката изјава на (поетот Мишел) Хулебек дека „атеизмот е мртов, лаицизмот е мртов, Републиката исто така“ е сосема на место. Инаку, поетот зарши на насловната страница на „Шарли ебдо“ заради описот на француската реалност со зборовите дека следниот претседател на Франција би можел да биде муслиман.
Интересно е и тоа дека Марис, кој беше косопственик на „Шарли ебдо“, е убиен додека другиот косопственик, исто така масон, случајно бил во Лондон, па сега ужива во исценираната слава и огромните пари кои се слеваат во неговите раце заради ненормалната продажба на весник кој не создава ништо смешно, туку удира на најниските чувства на своите верници во Европа под заштита на „слободата на говорот“.
Дека станува збор за чисто масонска битка која има три цели, (да поттикне продажба на масонскиот „Шарли ебдо“, дестабилизација на Европа со измислен тероризам и создавање хаос како основа за нов светски поредок, но и тргање на еден од важните масони во Франција кој во своите сатирични текстови, сепак, премногу откривал), тоа станува јасно. Особено откако францускиот претседател Франсоа Оланд во своето прво обраќање кон јавноста за нападот директно ги обвини тајните друштваа, односно илуминатите за спроведување на нападот.
Внимателниот избор на зборови во говорот на Оланд, сепак, ја открива поврзаноста на илуминатите со нападот. Оланд добро ги познава членовите на ложата. Меѓу другото, сите кандидати за претседател на Републиката, освен Мари ле Пен, беа повикани да одржат говор пред членовите на масонската ложа уште на почетокот на 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


