Њујорк никс реди порази без разлика дали во составот е големата НБА-ѕвезда Кармело Ентони. Популарниот Мело синоќа се врати во редовите на тимот од Големото Јаболко, но не помогна да се избегне 16. пораз во низа. Милвоки бакс беше подобар и славеше со 95-79 во меч што се одигра во Лондон, во арената О2, како дел од промотивната кампања на НБА низ светот.
Коби Брајант, исто така, се врати на паркетот, во составот на Лос Анџелес лејкерс и забележи рекордни во кариерата 17 асистенции, што, сепак, не беа доволно да се избегне пораз. Кливленд, предводен од Леброн Џејмс кој постигна 36 поени, победи со 109-102.
Интересно беше и во Хјустон, каде што домашните Рокитс ги надиграа ривалите од Оклахома. Блескаше Џејмс Харден со 31 поен, и тоа против својот поранешен тим Оклахома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.