| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Михајловски навредувала полицајци, од станица префрлена во Ургентен центар

ана

Водителката Ана Михајловска е приведена вчера околу 18 часот по инцидент со екипата на паркинг-сервисот во центарот на Белград, дознава „Блиц“.

Ана непрописно се паркирала, па се изнервирала кога „пајакот“ се обидел да ѝ го земе автомобилот. Кога работниците на сите гуми ставиле „канџи“, водителката се појавила на местото и барала да ѝ го спуштат автомобилот. Како што раскажуваат очевидците, работтниците одбиле, а Михајловски бесно влегла во автомобилот  закачен на пајкот, го запалила и почнала да вози во рикверц. Во таа пригода го оштетиле автомобилот. Поради навреда на полицајците, таа била приведена, меѓутоа штом стигнала таму рекла дека ѝ е лошо и да ја одведат во Ургентен центар бидејќи е бремена.

Потоа полицајците ја одвеле кај лекар и чекале пред ординацијата да ја прегледатт. За водителката ќе биде поднесена пријава за напад на полицајци.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top