| четврток, 6 декември 2018 |

МАН: Новинар не смее да одговара за професионално извршување на својата работа

mannn

Македонската асоција на новинари(МАН) преку писмено соопштение упатено во јавноста најостро се спротивстави на одлуката на Апелацискиот суд со која новинарот Томислав Кежаровски е осуден на две години затворска казна. Според Асоцијацијата, единствено прифатливо е Судот да донесе ослободителна одлука.

„МАН смета дека секоја казна за вршење на новинарска работа е излишна, па и оваа за колегата Томислав Кежаровски. Ова дотолку повеќе што казната за новинарот кој пишувал текст е повисока од некои за сторителите за чие дело се пишувало“, стои во соопштението.

МАН очекува да се поднесе жалба по оваа одлука, а Врховниот суд во најкус можен рок, уште следната недела, да закаже седница на која ќе донесе ослободителна пресуда и ќе го ослободи новинарот Кежаровски од секаква одговорност. Со оваа одлука судството ќе покаже дека новинар не може и не смее да одговара за професионално извршување на својата работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top