Неколку дерматолози од американските универзитети објавиле студија во која наведуваат дека секојдневното тушрањe, особено со жешка вода, може да биде штетно за кожата.
Пречестото туширање може да ја иритира и штети кожата и да создаде малу пукнатини на кожата кои с еподложни на инфекции. Со туширањето исто така ги испираме бактериите од кожата, меѓу кои и оние корисните за кои е природно да бидат присутни на кожата. Дерматлозите исто така се сложуваат дека децата и доенчињата не треба да се капат секојдневно, бидејќи изложеноста на бактериите е клучна за нормално развивање на имунитет, и ја намалува можноста за појава на алергии и кожни болести како што е егземата.
Но тоа не значи дека треба да одиме наоколу замирисани и валкани. Наместо секојдневното туширање или капење, дерматолозите предложуваат „критичните подрачја“ – лицето, пазувите и гениталиите да се мијат редовно, а треба да се капете на секои три дена.
Секојдневното менување на облеката, особено на долната облека е клучно. Некои студии дури покажуваат дека така повеќе ги отстрануваме штетните бактерии отколку со капењето. Ако баш не можете без туширање, обидете се да ја избегнете жешката вода и силни сапуни и купки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


