Дерматологот Николас Периконе открил план на исхрана која загарантирано ја подобрува структурата на кожата и тоа на подолг период.
Ако сакате кожата да ви изгледа поубаво и поздраво, почнете со диета која ја осмислил Периконе, дерматолог од Универзитетот во Мичиген.
Овој начин на исхрана влијае на намалување на оштетените површински слоеви на кожата кои настануваат поради делување на слободните радикали.
Исхраната не е наменета кон губење на големиот број вишок килограми, но затоа е добра за зајакнување на имунитетот, како и за успорување на процесот на стареење на кожата.
Начинот на исхрана која ја предлага Периконе подразбира конзумирање на намирници богати со антиоксиданси, протеини и есенцијални масла. Треба да се јадат житарки од цело зрно, овес, мешункасти плодови, како и големи количини овошје и зеленчук.
Се советува да се јаде авокадо, боровинки, малини, капини, диња, пиперки, зелена салата, спанаќ, брокули, грашок. Од протеини – јајва, пилешко, мисиркино месо.
Како добар антиоксиданс се препорачува и лосос, како и сите други видови риба кои се богати со омега 3 киселини. Треба да се избегнува млеко, а од млечните производи да се јаде и пие јогурт и сирење со низок процент на масленост.
Сончогледовото масло треба да се земени со маслиново, и да се избегнуваат заситените масти. Леб, алкохол, компир, ориз, како и брза храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.