| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП го осуди апсењето на новинарите во Турција

еп

Европскиот парламент денеска изгласа резолуција со која се осудуваат полициските акции и апсењето на новинарите во Турција во декември минатата година.

Европратениците апелираат слободата на медиумите да биде приоритет на турската Влада бидејќи „слободни и плуралистички медиуми се основен елемент на секоја демократија“ и оти е неопходно постигнување на напредок  со реформите за добивање на предпристапните фондови.

ЕП побара „целосна и транспарентна информација за обвиненијата против осомничените“ и нивна целосна правна заштита.

Во резолуцијата се изразува загриженоста за „отстапувањето од демократските реформи и посебно за намалувањето на толеранцијата на Владата кон општествениот протест и критички настроените медиуми“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top