| четврток, 6 декември 2018 |

Мерил Стрип по 19. пат номинирана за „Оскар“

84th Academy Awards Press Room

Американската актерка својата 19 номинација за наградите на филмската академија ја доби за споредната улога во мјузиклот „Во шумата“ (Into the woods). Покрај Мерил Стрип, за „Оскар“ за споредна женска улога се номинирани Патриша Аркет, Кира Најтли, Ема Стоун и Лора Дерн.

Номинациите за манифестацијата, која на 22 февруари ќе се одржи во театарот „Кодак“ во Лос Анџелес, беа соопштени предмалку во раните утрински часови според тамошното време.

Комплетната листа на номинираните погледнете ја овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top