| четврток, 6 декември 2018 |

Пакистанец ги измамил шампионите од Мајами хит за 10 милиони долари

Пакистанецот Хајдер Зафар се соочува со долгогодишна затворска казна за финансиски измами тешки десетици милиони долари, а меѓу излажаните се и поранешниот НБА шампион Мајами хит и играчите Мајк Милер, Рашар Луис и Џејмс Џонс.

Во 2013 година Мајами хит беа шампион во НБА лигата, а Зафар на измама ги олесни вкупно за 10 милиони долари. Возејќи ги атрактивните автомобили Ферари и Бентли, Зафар се претсавил како човек од пребогата лоза од Пакистан, а им ветувал мудра инвестиција на триото кошаркари од Мајами.

miler

 

Милер останал покус за 2,6 милиони долари, Луис бил уште подарежлив и инвестирал кај Зафар 4 милиони долари, а Џонс издвоил 1,5 милиони долари за примамливото, но лажно ветување на Зафар.

Пакистанецот на збор добил и ексклузивен тригодишен пакет на билети за најубавите позиции во „Америка ерлајнс арена“, која е дом на Мајами хит. Секако ветил дека ќе плати еден милион долари колку што чини пакетот, но парите никогаш не стасале на сметка на клубот. Од денеска Зафар е во притвор, а за секое дело во САД е предвидена максимална казна од 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top