| четврток, 6 декември 2018 |

Проекции на „Денот да е радосен“ во Кинотека

denot da e radosen

Во Кинотеката на Македонија, на 17 и 18 јануари, со почеток во 20 часот ќе биде прикажан музичко-документарниот филм „Денот да е радосен“ за бендот „Културно уметнички работници“. Режисер и сценарист е Љубица Поповска, монтажата е на Тоде Коцев, директор на фотографија е Игор Ангеловски, а продуценти се Владимир Стојчевски и Горан Стојилковиќ. 

„Постојано наоколу се нагласува прашањето дали панкот е мртов? Што е панк и дали овој или оној е доволно панк?“, стои во најавата на филмот кој е посочен како вид на доказ за постојаното инаетење на неколку музички поединци да не навлезат во кошот наречен музика за некаква намена, со некаков жанр, за некаква цел, за некаков надоместок. Преку бендот „Културно уметнички работници“ како главни протагонисти во овој документарен филм се открива интимна конверзација на дел од најбитните ликови на македонската алтернативна музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top