| четврток, 6 декември 2018 |

Пад на цените на индустриските производи

индустрија

Продажните цени на индустриските производи во ноември 2014 година на месечно ниво бележат пад од 0,5 отсто, а на годишно ниво од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Во ноември 2014, во споредба со октомври 2014, продажните цени на индустриските производи се пониски во секторот рударство и вадење камен, за 1,3 отсто во секторот преработувачка индустрија за 0,4 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5 отсто.

Во ноември 2014, во споредба со ноември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот рударство и вадење камен за 6,6 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,4 отсто, а се пониски во секторот преработувачка индустрија за 2,6 отсто.

На домашниот пазар продажните цени на индустриските производи во декември 2014 година на месечно ниво се пониски за 3,7 отсто, а на годишно за 3,8 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top