| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо и Ирина Шајк веќе не се заедно

Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо и Ирина Шајк веќе не се заедно. Ова е објавено од голем број медиуми во светот, а веста доаѓа по неколку случувањa

Првата се случи на доделувањето на „Златната топка“ во Цирих, каде што Ирина не беше со Кристијано. Тој, пак, не ја спомна кога се заблагодаруваше за поддршката, а воедно таа не му ја честиташе наградата.

Покрај тоа, Ирина веќе не го следи профилот на Роналдо на „Твитер“, а тој е изнервиран од сè почестото разголување на топ-моделот кога ги снима рекламите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top