| четврток, 6 декември 2018 |

Русија би можела да поднесе тужба против Франција

Русија би можела да поднесе тужба против Франција во следните шест месеци поради неиспорачување на носачите на хеликоптери „мистрал“, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
­

Доколку договорот не биде исполнет, ќе биде поднесена тужба, рече Шојгу, јави ТАСС.

Тој додаде дека процедурата би можела да потрае шест месеци и оти Русија побара од Франција официјално објаснување поради неиспорачувањето на „Мистрал“, како што беше договорено со договорот од 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top