| четврток, 6 декември 2018 |

Велес е град на културата за 2015 година

unnamed

Општина Велес е избран за Град на културата за 2015 година, соошти денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Со повеќе од 200 настани, преку 67 манифестации годинава Велес ќе ги отвори вратите не само за домашната туку и за странската публика и за домашните и странските ументици.-До Mинистерството за култура беа доставени 3 пријави за конкурсот и тоа од општините Неготино, Велес и Струмица. Стручната комисија по разгледувањето на сите апликации, едногласно го избра Велес за Град на културата за 2015 година, истакна министерката Канческа-Милевска.

Титулата „Град на културата“ се доделува веќе 12-та година по ред а Велес по втро пат е избран за културен град.

-Културните манифестации започнуваат на 18 јануари, спроти Водици, во новата зграда на театарот а ќе траат се до крајот на 2015 година и ќе се затвори со концерт, истакна градоначалникот Славчо Чадиев кој додаде дека за разлика од 2005 оваа година градот има капацитети за да ги спроведе сите планирани манифестации во рамки на проектот.

Министерката информираше и за останати прокети кои ќе бидат завршени во 2015 година, санација на споменикот на паднатите борци на НОБ од Велес и велешко, ќе се завртшат фасадите во старите градски јадра во градовите, од кои пет се во Велес, како и помош во делот на театарот и останатие манифестации во рамки на проектот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top