| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу го спореди Нетанјаху со терористите од Париз

­ Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска го обвини својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху дека во Појасот Газа изврши „злосторство против човештвото“, споредувајќи го со она на исламистичките терористи, кои во Париз минатата недела убија 17 лица, пренесоа француските медиуми.
­

– Како терористите кои ги извршија масакрите во Париз, и Нетанјаху изврши злосторства против човештвото на чело на Владата, убивајќи деца кои си играат на плажата во Газа – изјави Давутоглу пред заминување за Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top