Полицајка е прегазена од автомобил пред претседателската резиденција во Париз, а потоа избегал од местото. Според француските медиуми, инцидентот се случил вчеравечер, по што две лица биле уапсени. Полицајката била итно префрлена во болница.
Автомобилот, кој намерно возел во спротивна насока, намерно удрил во полицајката која паднала како покосена. Во возилото имало четири лица. Полицијата го уапсила возачот и совозачот, двајцата 19-годишни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.