| четврток, 6 декември 2018 |

Давутоглу: Слободата на изразување не е слобода да навредуваш

давутоглу

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска го искритикува францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ заради повторното објавување на карикатурата на пророкот Мухамед и притоа посочи дека слободата на изразување „не е слобода да навредуваш“, пренесоа француските медиуми.

-Објавувањето на оваа карикатура е сериозна провокација. Слободата на медиумите не значи слобода некого да навредуваш – изјави Давутоглу пред новинарите во Анкара, пред да замине за Брисел, каде денеска се наоѓа во официјална посета.

– Ние не можеме да ги прифатиме навредите против пророкот – рече турскиот премиер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top