| четврток, 6 декември 2018 |

Жиру го имитирал Андриј Шевченко

Фудбалерот на Арсенал, Оливие Жиру призна дека како млад фудбалер ја имитирал ѕвездата на украинскиот фудбал и легенда на Милан, Андриј Шевченко.
Шевченко играчката кариера ја заврши во 2012 година, а својата фудбалска слава ја доживеа од 1999 до 2006 година додека настапуваше за Милан со кого ја освои и Лигата на шампионите во 2003 година. Токму со неговиот гол од пенал во последната серија од пенал-рулетот се искачи на покривот на Европа.

Жиру кажа дека сите фудбалски потези и движења се обидувал да ги ископира од легендарниот фудбалер.

– Кога бев млад, се обидував да трчам како Шевченко затоа што тој беше фантастичен и елегантен фудбалер. Понекогаш на тренинзите го имитирав. Трчаше на посебен начин и заради тоа изгледаше моќно, кратки потези, но силни. Сакав да ги имитирам и неговите шутеви. Мислам дека тренерите тоа никогаш не го приметуваа. Кратко траеше тој период и не ми беше толкава опсесија – изјави Жиру за веб-сајтот на клубот.

Оливие Жиру настапува за Арсенал од 2012 година, има одиграно повеќе од 100 натпревари и постгнато 45 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top