| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на аеродромот во Рим: Словенец се заканил дека во авионот има бомба

italijanska policijaВистинска драма се случувала на аеродромот во Фиумичино во Рим кога патник од Словенија се заканил дека во неговиот багаж има бомба. Полицијата ги евакулирала сите 80 патници од авионот на компанијата Ники кој требало да полета за Виена и ја неутрализирале заканата.

Италијанските медиуми наведуваат дека неименуваниот словенечки државјанин се заканил дека експлозивната направа ќе ја активира со далечински управува.

Римска Република пишува дека еден од патниците приметил дека човекот кој седи до него има некоја направа во рацете и кога го прашал за што станува збор тој му рекол:

– Тоа е далечинско за детонирање бомба.

Во тој момент во авионот настанала паника. Патниците го предупредиле капетанот за наводната бомба, а според некои медиуми патникот имал во рака и текстови напишани со арапско писмо. Патникот, според италијанскиот весник потврдил дека се качил со бомба во багажот.

Капетанот веднаш алармирал и го одвел авионот на изолирано место. Според упатствата за антитерористички процедури бил блокиран целиот авионски сообраќај.

Во еден момент од естото каде што се наоѓал авионот почнало да се крева густ чад, но причините не се јасни. Полицијата го уапсила Словенецот и го однела на испитување.

Во минатите недели во неколку наврати беше најавувани дека слетната мета на терористички напади поврзани со Исламската држава може да биде Рим, но за сега нема информации дека инцидентот бил поврзан со ИСИС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top