| четврток, 6 декември 2018 |

Истекува рокот за издавање збирна пресметка за приходите од 2014

ујпСите што вршеле исплата на приходи на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, на граѓанинот до денеска мора да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2014 година.

Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека издавањето збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

До 31 јануари, пак, треба да се поднесат и годишните извештаи за персонален данод на доход од лицата кои лани исплатиле приходи на физички лица/граѓани по основ на лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивки од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка.

Годишните извештаи задолжително се поднесуваат по електронски пат преку http://etax.ujp.gov.mk преку соодветна форма за внес на податоци во е-Даноци или со импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .xml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top