| четврток, 6 декември 2018 |

АМСМ: Возете внимателно, голомразица на повисоките места

 pat lizgavСообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. На осојничавите места има остатоци од снег. Поради ниски температури на повисоките места, можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top