За нас не е важно кој ќе победи на изборите во Грција, иако СИРИЗА во принцип била партија која помалку го злоупотребувала спорот за името во домашно политички цели. Важно е почитување на меѓународното прави и креирање клима и подготвеност кај другите чинители да не дозволат да продолжи незаинтересираноста кај Грција за решавање на спорот, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за МИА.
– Во принцип, мислам дека е многу тешко и неблагодарно да се прогнозира за тоа каков би бил ставот на следната грчка влада по однос на овој спор. СИРИЗА во принцип била партија која помалку го злоупотребувала ова прашање во домашно политички цели. Но, во секој случај, мислам дека не можеме да заклучиме што било пред да постои нова Влада во Грција каква и таа да е, од десница или од левица и конечно промена на матрицата од нивна страна дека нерешавањето е најдобро решение за Грција, вели Попоски запрашан дали евентуалната победа на СИРИЗА би влијаела позитивно врз нашата ситуација.
Најдоброто решение во овој случај, додава тој, е почитувањето на меѓународното право и преземените обврски со Времената спогодба за Македонија да може да напредува на европскиот пат.
– Дали тоа ќе биде став на идната грчка влада ќе дознаеме само по изборит. Мислам дека ние не треба да бидеме премногу преокупирани со тоа што ќе се случува во Грција, туку со климата која ќе биде креирана и подготвеноста која ќе ја имаат другите чинители да не дозволат продолжено нерешение и незаинтересираност од страна на Грција, дециден е министерот Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција