Шилегов и СДСМ ја замајуваат јаноста, напиша на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
“Во обид Шилегов и СДСМ да ја замајуваат јавноста преку евтини приказни за наводни скандали, самите си се заплеткуваат во нивната позната шема. Мислејќи дека ќе ги излажат граѓаните со секојдневни прес конференциии на кои само мафтаат со некаkви листови за кои ниту тие самите не знаат или сакаат така да изгледа дека не се прекршени законите во Македонија. Помина тоа време кога со ваквите игри ги лажевте граѓаните, сега ве научија и веќе не ви веруваат. Не еден, туку сто ТВ дуели да побарате, граѓаните повторно нема да ви веруваат.
Податоците кои самиот Шилегов ги презентираше покажаа дека се работи само за еден уредно и по закон слкучен договор, за кој регуларно е пријавен до сите надлежни институции.
По кој знае кој пат го повикувам, се што има како документ, се што поседува, секој документ за кој неговите партиски работници одработуваат, да ги достави до Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија. Го повикувам да ги достави и непостоечките договори за други фирми што денеска ги објави на прес конференцијата.
Вчера потенцирав, да не оставам простор за разни лицемери кои политиката ја сфаќаат исклучиво како арена за плукање и навреди, започнав постапка за раскинување на Договорот за закуп како сопственик на индивидуална куќа“ напиша Јанакиески
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.