Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за време на неговото гостување во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека денеска е потпишан договорот за изградба на автопатот од Приштина до границата со Македонија, додавјаќи дека во тек се и градежните работи за изградба на пругата до Бугарија, а најави и железничко поврзивање со Албанија. Ресорниот министер денеска беше и во посета на Дојран, кои моментално течат градежните работи на плажите во ова туристичко место.
– Согласно договорот градежните работи треба да звршат кон крајот на месец јули, но првиот сегмент од плажата ќе биде готов негде до 15 јули за да може да ги прими сите домашни и странски туристи кои веќе пристигнуваат во Дојран, рече Јанакиески.
Тој нагласи дека на плажите ќе има многу нови содржни како детски игралишта, фудбалски, кошаркарски и тениски игралишта, како и сосема нова плажа со нови шанкови и нови содржини.
Таква плажа, рече, навистина му беше потребна на Дојран, додавајќи дека годинава очекува драстично зголемување на бројот како на домашни така и на странски туристи.
Јанакиески се осврна и на договорот за изградба на автопатот од Приштина до границата со Македонија, кој денеска беше потпишан во Косово, потенцирајќи дека и во Македонија моментално се изработува студија, бидејќи автопатот од Скопје до границата со Косово ќе се гради по пат на концесија.
– Потпишувањето на овој договор ќе значи дека поголем број на градежни комапнии ќе имаат интерес да влезат во нашиот проект за приватно партнерство, бидејќи доколку има автопат од двете страни, тоа значи поголем проток на возила. А поголемиот проток на возила концесијата ја прави поатрактивна, нагласи тој.
Повикот за изнаоѓање на градежна команија, како што посочи, се очекува да биде објавен во текот на оваа година, а патот ќе треба да биде изграден во рок од три до четири години, односно најдоцна до 2018 година.
Јанакиески се осврна и на модернизацијата на железничката станица во Скопје, додавајќи дека ќе се модернизираат и уште десетина други железнички станици низ Македонија.
– Градежните работи се во добра фаза, терба во рок од година дена, некаде во јули идната година градежните работи целосно да завршат. Во моментов е започната санација на лифтот и на двата први перони на железничката станица, градежните работи се во тек и очекувам наредната година во овој период да имаме целосно нов лик на железничката станица во Скопје, која ќе биде целосно адаптирана за да може лицата со хендикеп беспрекорно да се движат во железничката станица и да ги користат македонските возови истакна тој.
Додаде дека од јули па се до крајот на наредната година треба да пристигнат шест нови композиции на возови, со капацитет од околу 1.200 патници.
Со набавката на нови возови 60 отсто од возниот парк во АД „Транспорт“ ќе биде целосно обновен, а старите ќе бидат репарирани.
– Со сите овие мерки сакаме да обезбедиме побезбеден и побрз транспорт на македонските граѓани во делот на железничкиот сообраќај, потенцираше Јанакиески.
Посочи дека во тек се и градежнте работи за изградба на пругата кон Бугарија и според динамиката и програмата во 2022 година Македонија и Бугарија ќе бидат поврзани и со железнички сообраќај. Тој најави дека Владата на Р.Македонија е веќе во финална фаза на потпишување на договор за проектирање и на железнички сообраќај кон Албанија, проектот би требало да биде готов во 2016 година, а евентуалната градба, рече, би требало да започне во 2018 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.