| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно со аспирините

is_aspirin_safe_for_kids

Едно истражување во Велика Британија покажало дека околу 16 милиони Британци немаат никаква корист од секојдневно земање на аспирини.

Имено, се проценува дека аспиринот нема влијание врз четвртина од пациентите кои го конзумираат, но уште полошо е тоа што за нив конзумацијата на овој лек може да биде фатална.

За оние кои го конзумираат за да го намалат ризикот од срцеви и мозочни удари, аспиринот може да биде спасоносен , но кај оние пацинети имуни на тој лек, ризикот може значително да се зголеми.

Додека кај едни спречува настанување на згрутчувања, кај имуните на тој лек се случува токму спротивното и поради тие несакани ефекти во Велика Британија стотици луѓе годишно умираат.

Поради тоа научниците почнале испитување кое може да го открие дали лекот дејствува на пацинетите, односно дали навистина му помага или штети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top