Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Поради ниски температури, на повисоките места е можна појава на голомразица, на осојничавите места има остатоци од снег, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на патишта на кои се отежнати условите за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.