Собранието вечерва ги изгласа измените во законот за висок образование со 67 гласови „за“, девет „против“ и ниту еден воздржан. Законот го доби и потребното бадентерово мнозинство, при што 20 пратеници од заедниците гласаа „за“, а петмина беа против.
Владејачкото мнозинство го донесе законот и покрај противењето на студентите и голем дел од професорите, кои најавија дека вечерва ќе се соберат пред Парламентот за симболично да го погребат македонското високо образование.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.