| четврток, 6 декември 2018 |

Харис пијан, Мирослав сакал да ги напушти „Пинкови ѕвезди“

Српскиот пејач Харис Џиновиќ се појавил пијан за време на снимањето на новата епизода на „Пинкови ѕвезди“, а неговиот колега Мирослав Илиќ лут поради неговот каснење сакал да го напушти студиото, пренесува српски „Ало“.

Според весникот Џиновиќ, кој заедно со Илиќ е дел од жирито на шоуто, цел ден во студиото пиел ракија од шише за вода.

– До крајот на снимањето испи пола литро ракија. Толку многу се напи што не можеше да гледа – раскажува очевидец.

Илиќ бил бесен поради доцнењето со почетокот на снимање. И публиката и учесниците биле присутни кога тој почнал да вика и да му се заканува на организаторите дека ќе си отиде од студиото и дека повеќе нема да биде дел од оваа емисија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top