| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ, ефтина и многу вредна инвестиција од Македонија во градот на „кока-колата“

Перо Антиќ е кандидат за настап на Ол-стар викендот што ќе се игра во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, а со игрите во дресот со број 6 во Атланта хоукс, потврди дека заслужува повторно да се најде на популарниот „Ол-стар Рајзинг челенџ“, овојпат како сомфор. Или попрактично како кошаркар што втора сзезона настапува во НБА лигата.

Лани првиот македонски кошаркар што воопшто игра во најсилната кошаркарска лига, ја доби довербата на тренерите во НБА и беше на списокот за големиот спектакл во Њу Орлеанс и тоа како дебитант, но не настапи поради пех и повредата на скочниот зглоб. Оваа година 32-годишниот крилен центар на Хоукс пак е кандидат за учество на „Ол-стар викендот“, а медиумите во САД го претставија како мошне ефтина инвестиција од Македонија, што потполно ги надмина очекувањата и и се исплати на Атланта хоукс.

012114 hawks premium CC1

Популарните јастреби се во висок лет, тие се водечка екипа во Источната конференција со биланс од 30-8, и моментно ја имаат најдолгата серија на победи (9) во НБА лигата.

„Многу мудра инвестиција на раководството на Атланта хоукс е ангажманот на Перо Антиќ. не потрошија многу, а добија вредно засилување. Еден играч што има искуство и освојувал трофеи во Европа со необичен стил на игра за позициите крилен центар и центар, со одлична техника и извонреден шут. Тој и носи широчина на играта на Хоукс, знае да игра одбрана и опасно да шутира од далечина“, пишува во коментарот на „sbnation.com“.

Pero Antic, Marc Gasol

Атланта го ангажираше Антиќ со статус слободен агент и тој ја игра втората сезона во градот на „кока-колата“. Вкупната сума што ќе му ја исплати водечкиот тим на Истокот е 2,65 милиони долари за две години, инвестиција што е оценета како ефтина, а многу исплатлива и вредна за Атланта хоукс. Тим што има мудро раководство и со помал буџет направи вистински дрим-тим што сезонава гази беспрекорно во НБА лигата.

Покрај Антиќ како џек-пот одлуки на раководството во последниот период се оценети ангажманите на Пол Милсеп, Кајл Корвер, Демар Керол и Табо Сефолоша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top