
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети новоотвореното одделение за интервентна кардиологија при Општата болница во Струмица.
Тодоров, за време на посетата на ова одделение, кое од пред два дена започна со работа, ја истакна историската важност за струмичкото здравство, кое се вброи во мрежата на интервентни кардиологии во земјата.
– Дванаесетти јануари е историски ден за струмичкото здравство, како ден кога се отпочна интервентната кардиологија во Струмицаа.На тој ден беа изведени две интервенции на два пациенти и беа спасени два човечки животи, од кои на еден млад роден 1971 година.Со тоа Струмица се вброи во центрите со интервентна кардиологија – рече Тодоров.
Тој истакна дека ова е 10-ти ангеограф,кој се инсталира, а во монтажа е и единасетиот.
– Со тоа се реализира проектот на Владата за изградба на мрежа на интервентна кардиологија. Ние го постигнуваме и европскиот стандард од еден ангениограф на 200 илјади жители – нагласи Тодоров.
Според директорката на општата болница во Струмица, Анкига Ангова, новиот оддел за интервентна кардиологија е доказ за подготвеноста на кадарот во болницата и посветеноста на Министерството за здравство и Владата за подобрување на здравството во државата.
– Ова беше огромен предизвик кој траеше 2 години. Во изградбата и опремувањето на овој оддел се инвестирани околу еден милион евра и ја вброи Срумица во редот на останатите центри каде се нудат услуги од овој тип на кардиологијата – рече Ангова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата
-
Пиштолот со кој Љупчо Стојановски пукаше во Тодоров даден на вештачење, не се знае како го набавил
-
Груевски и Тодоров разговaрaa по обидот за атентат


