| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеаниот карикатурист објасни зошто го нацртал Мухамед во новиот број (ВИДЕО)

Реналд Лузијер, карикатуристот на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, кој го преживеа масакрот благодарение на тоа што задоцнил на работа на кобниот ден низ солзи објасни зошто повторно го нацртал пророкот Мухамед во новиот број на наделникот.

1karikaturistot500

– Ние сме карикатуристи и цртаме мали знаци и ликови, како кога бевме деца. И терористите биле деца и тие цртале како и ние, токму како што сите деца го прават тоа. Во еден момент тие ја изгубиле смислата за хумор. Ја изгубиле душата на детето во себе, изјавил Лузијер.

Тој додава дека му е жал што повторно го нацртале пророкот Мухамед, но дека тоа на сликата е само „момче кое плаче“.

karikaturistot500

Инаку, денеска излегоа три милиони примероци од најновиот број на францускиот  неделник „Шарли ебдо“, кој според информациите на светските новински агенции се распродадени само за неколку часа, а на трафиките во Франција примероците се распродадени само за пола час, јави АФП.

ebdo

– Беше неверојатно. Пред трафиката чекаа 60-70 луѓе утрото за да се отвори. Никогаш не сме виделе вакво нешто, сите 450 примероци ги продадовме за 15 минути – вели една работничка во трафика во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top