| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинение за убиство за бездомникот од Велес кој уби старец за 50 денари

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против бездомникот кој во јули минатата година уби старец во дворот на гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес и му украде 50 денари од џебот.

– Надлежниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор против обвинетиот до Основниот суд во Велес, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетото лице доколку му се дозволи да се брани од слобода“ соопштуваат од Обвинителството.

Убиството се случи на 17 јули минатата година, кога четириесет и осумгодишниот бездомник му пришол од зад грб и го удрил деведесетгодишниот старец со камен по главата.

Старецот паднал, а осомничениот го удрил со камен по главата уште неколку пати.

Украл 50 денари од левиот преден џеб на старецот и избегал. По неколку дена, убиецот беше приведен и во службен разговор во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top